Хаг: Рамуш Харадинај пред Хашкиот Трибунал се изјасни за невин

Поранешниот косовски премиер и еден од лидерите на УЧК Рамуш Харадинај денеска пред Хашкиот Трибунал изјави дека не е виновен за обвиненијата за воен криминал. Харадинај е обвинет за вмешаност во убиства, силувања и тортура на Срби за време на косовската војна.