Виена: Продолжуваат преговорите меѓу Белград и Приштина

Денеска во Виена продолжуваат преговорите меѓу Белград и Приштина околу предлогот на специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово Марти Ахтисари, со расправа за меѓународното цивилно и воено присуство, како и за новите сили за безбедност на Косово. Првата рунда на финалните преговори завршува утре, а за 10-ти март е најавена втора рунда, на која повторно ќе се разгледува планот на Ахтисари пред неговата финализација и праќање до Советот за безбедност на Светската организација.