Рим: Гласање доверба во Сенатот за премиерот Романо Проди

За денеска во италијанскиот Сенат е најавено гласање доверба за премиерот Романо Проди. По Сенатот се очекува во петок за доверба за премиерот Проди да гласа и Долниот дом на Парламентот. Вчера Проди во Сенатот ја образложи програмата од 12 точки за понатамошно делување на неговата Влада.