Њујорк: Хјуман Рајтс Воч бара од Буш да ја обелодени состојбата со осомничените за тероризам

Хјуман Рајтс Воч побара од американскиот претседател Џорџ Буш да ја обелодени состојбата со сите осомничени за тероризам од 2001 година, вклучувајќи и најмалку 16 лица за кои се смета дека се затворени во тајни затвори на ЦИА. Извештајот на Хјуман Рајтс Воч се темели на интервјуа со поранешни затвореници, извештаи во печатот и останати извори. ЦИА соопшти дека програмата на агенцијата за испитување се спроведува во согласност со законот.