Приштина: Од 2 до 10 март Ахтисари ќе го финализира предлогот за Косово

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за статусот на Косово, Марти Ахтисари соопшти дека од 2 до 10 март ќе го финализира својот предлог за статусот на покраината. Во интервју за косовската телевизија тој изјави дека предлогот ќе содржи и одредено име за статусот, а потоа ќе биде предаден на Советот за безбедност. Според Ахтисари името на статусот ќе се базира на принципот на почитување на волјата на мнозинството на Косово.