Дубровник: Продолжува Конференцијата за поефискана гранична контрола на зeмјите од регионот

Во Дубровник денеска продолжува четвртата Конференција на министрите за внатрешни работи на државите од регионот, односно Хрватска, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина на која се разгледуваат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка со цел поефикасна гранична контрола, како клучен елемент за нивна евроинтеграција. Денеска на втората сесија од состанокот, како што е најавено ќе претседава македонскаиот министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за напредокот во областа на граничната безбедност во минатата година и за имплементацијата на стратегиите за 2007 и 2008 година.