Скопје: ДУИ денеска треба да се изјасни дали ќе учествува на политичкиот дијалог

Денеска централното претседателство на ДУИ треба да одговори на понудата за дијалог од претседателот на Владта Никола Груевски. Во писмото ДУИ ке го образложи и својот став за спроведувањето на реформите како и околу примената на Охридскиот договор. Европската Унија пак, постојано ја истакнува потребата од редовен политички дијалог меѓу политичките партии за побрзо спроведуавње на реформите. Ова вчера го порача и Евроамбасадорот Ерван Фуере.