Лондон: Блер ќе најави повлекување на британските трупи од Ирак

Британскиот премиер Тони Блер денеска ќе најави дека повлекувањето на британските трупи од Ирак ќе почне за неколку недели. Според британските медиуми, Блер за време на редовната неделна сесија во парламентот, ќе соопшти дека првите 1500 војници од контингентот кој има вкупно 7100 луѓе, наскоро ќе се вратат дома. До крајот на годинава од Ирак ќе бидат повлечени околу 3000 војници, а комплетната операција треба да биде завршена до крајот на 2008 година.