Индија: Посета на шефот на пакистанската дипломатија Касури

Шефот на пакистанската дипломатија Хуршед Касури денеска ќе ја посети Индија еден ден откако 68 лица, претежно пакистанци, загинаа по бомбашкиот напад на возот кој сообраќаше од Индија кон Пакистан. Ова патување беше претходно планирано, а во меѓувреме пакистанскиот претседател повика на продолжување на мировните напори меѓу двете земји.