Пекинг: Започна Лунарната Нова Година

Кинескиот највесел и најдолг празник, Лунарна Нова Година која годинава е во знакот на свињата, почна денеска, а ќе трае до 6 февруари 2008 година. За повеќето Кинези, годината на свињата е синоним за богатство и среќа. Меѓутоа, некои кинески астролози предупредуваат оти свињата се прикажува и како симбол на конфликтите. Во синоќешните прослави на лунарната нова година во Пекинг, повеќе од 125 лица биле повредени од пиротехнички средства.