Багдад: Кондолиза Рајс во ненајавена посета на Багдад

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска допатува во ненајавена посета на Багдад, каде што во последниве денови е во тек масовна безбедносна операција. Рајс попладне ќе замине за Ерусалим на средба со израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни.