Мадрид: Започна процесот против 29 лица обвинети за терористички напад во 2004-тата

Во судот во Мадрид денеска започнa процесот против 29 лица обвинети за терористичкиот напад во 2004-та година, кога загинаа 190 луѓе. Стотици полицајци го обезбедуваат судот, а во цела Шпанија е подигнато нивото на безбедност.