Пакистан: Посета на шефот на американската централна команда

Шефот на американската централна команда Џон Абизајд е во посета на Пакистан, каде што има разговори со пакистански воени претставници, а најавена е и средба со претседателот Первез Мушараф. Пакистан е под се поголем меѓународен притисок за заострување на мерките против милитантите на границата со Авганистан.