Скопје: Протести на СОНК пред Министерството за образование

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република македонија за денеска најавви протести пред Министерството за образование и наука. Синдикатот бара исплата на надомест за превоз за наставниците според реалните трошоци, започнување преговори за одредување на најниската плата во градинките, основното и средното образование и културата за 2007 година и платите и надоместоците за образованието да се финансираат од Буџетот и по 1 јули 2007 година за кога е најавено ниво преоѓање во надлежност на локалната самоуправа. Како што информираат од СОНК времетраењето на протестот ќе зависи од Министерството за образование и наука и Владата и од тоа дали ќе ги прифатат нивните барања. Тие најавија и дека наставата во 10 часот во скопските училишта ке биде прекината.