Захедан: 18 загинати во бомбашки напад

Иранските агенции јавија дека 18 лица загинале во бомбашки напад на автобус во Захедан главен град на Систан – Белучистан провинција на границата со Пакистан и Авганистан. Автобусот и припаѓал на иранската револуционерна гарда а бил нападнат со бомба која била поставена во автомобил кој се движел пред автобусот. Засега никој не ја прифати одговорноста а ,според полицијата, едно лице е уапсено со помош на локалните жители.