Техеран: Муслиманскиот лидер Моктада Ал Садр пребегал во Иран

Според непотврдени извештаи, ирачкиот радикален шиитски муслимански лидер Моктада ал Садр го напуштил Ирак и заминал во Иран. Тој, според американски извори, заминал уште пред три недели за Техеран стравувајки дека ќе биде цел на безбедносните операции предводени од американските сили кои во тек во Багдад. Двајца помошници на Садр ги негираа овие извештаи кои пак доагаат по веста дека Ирак ги затвори границите со Иран.