Пекинг: Сто илјади членови на Комунистичката партија казнети поради корупција

Во Кина денеска е објавено дека само во минатата година скоро сто илјади членови на Комунистичката партија биле казнети поради корупција. Најновиот случај е апсењето на поранешниот директор на кинескиот Уред за статистика Киу Саонхуа кој е обвинет за мито и за тоа што имал повеќе од една жена. Партијата најави дека ќе вложи дополнителни напори за спречување на корупцијата која, како што се наведува, се заканува да го поткопа комунизмот во земјата.