Турменистан: Денеска претседателски избори

Во Туркменистан денеска се одржуваат претседателски избори. Државната комисија соопшти дека засега одзивот на гласачите е на задоволително ниво, односно дека до 12 часот по локално време, гласале околу 66 насто од избирачите. За местото претседател се натпреваруваат шест лица, сите од редовите на единствената легална туркменистанска партија, која ја предводи актуелниот претседател Сапармурат Низајов.