Техеран: Десетици илјади Иранци на протести за поддршка на Исламската Револуција

Десетици илијади Иранци денеска излегоа на улиците на Техеран, во знак на поддршка на Исламската Револуција.
Како што јавуваат агенциите, луѓето се собраа на плоштадот Слобода за да го слушнат говорот на претседателот Махмуд Ахмадинеџат. Во говорот Ахмадинеџат рече дека Техеран сака успешно да заврши спорот со западните земји околу иранската нуклеарна програма, но оти нема да дозволат да биде прекината нивната чувствителна работа околу атомската енергија. Денешниот настан е кулминација во низата свечености со кои се одбележа 28 годишнината од револуцијата.