Белград: Тадиќ ќе побара одлагање на преговорите за Косово до конституирањето на новиот парламент

Претседателот на Србија Борис Тадиќ најави дека денеска ќе побара од амбасадорите на Контакт Групата одлагање на преговорите за статусот на Косово до конституирањето на новиот српски парламент. Тадиќ додаде дека овој став денеска ќе му го пренесе на американскиот пратеник Френк Визнер, а утре и на министерската тројка на Европската Унија. Преговорите за предлогот на Ахтисари за Косово меѓу Белград и Приштина се предвидени за наредната недела во Виена. Како што јавуваат агенциите, косовскиот претседател Фатмир Сеидиу ја прифатил поканата на Ахитисари и ќе учествува на оваа рунда преговори.