Вашингтон: Џорџ Буш до Конгресот го поднесе предлог буџетот за 2008 година

Американскиот претседател Џорџ Буш го поднесе до Конгресот предлог буџетот за фискалната 2008 година. Во предлог буџетот кој изнесува 2,9 билиони долари, најголем дел од средствата се предвидени за воени трошоци, односно за Ирак и Авганистан. Буш изјави дека предлог буџетот соодветствува со прироитетите на земјата, односно како што истакна ,,војната против тероризмот“ и создавање на „силна и одржлива економија со ниски даноци“. Се очекува неколку месечна расправа пред во Конгресот, кој инаку е контролиран од опозиционите демократи, да биде усвоен буџетот за наредната година.