Авганистан: Ден Мекнил ја презеде командата врз НАТО трупите во Авганистан

Американскиот генерал Ден Мекнил ја презеде командата
врз НАТО трупите во Авганистан. Тој ќе го замени британскиот генерал Дејвид Ричардс и ќе предводи 33 000 војници во пресерет на заканите од пролетен напад на Талибанците. Минатата година се смета за најкрвава по падот на Талибанците во 2001 година. Околу 4000 луѓе беа убиени во насилствата со бунтовниците.