Багдад: Ал Малиќи ги обвини приврзаниците на Хусеин за вчерашната бомба

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики ги обвини приврзаниците на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин за вчерашната експлозија на бомба во Багдад, напад во кој беа убиени околу 130 лица, а околу 300 беа повредени. Белата куќа во Вашингтон го нарече напад грозоморен чин и ја обнови гаранцијата за американска помош на новата ирачка влада. Во меѓувреме, четири ирачки полицајци денеска загинаа кога нивното возило наишло на мина поставена на патот во една шиитска населба во северен Багдад.