Рим: Откажани сите фудбалски натпревари на неодредено време

Во Италија на неодредено време се откажани сите фубалски натпревари откако вчера еден полицаец беше убиен во судирите меѓу навивачите на Катанија и Палермо. Во судирите до кои дошло пред стадионот на Катанија на Сицилија имало и стотина повредени. Италијанскиот премиер Романо Проди оцени дека одлуката за откажување на натпреварите е исправна и побара други мерки за спречување на, како што наведува, дегенарцијата на спортот.