Вашингтон: САД ја разгледуваат можноста за членство на Македонија во НАТО

Соединетите Држави го разгледуваат прашањето на членството во НАТО на Македонија под нејзиното уставно име и сакаат спорот со Грција да биде решен. Ова го изјави портпаролот на Стејт Депертментот Шон Меккормак. Според МекКормак, единствено Грција има проблеми да ја нарекува Македонија со нејзиното име и двете соседни земји треба да го решат тоа прашање за да не се попречуваат меѓународните активности.