Белград: Ахтисари ќе го претстави предлогот за статусот на Косово

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Косово Марти Ахтисари денеска во Белград и Приштина ќе го претстави предлогот за статусот на покраината. Според најавите, Ахтисари ќе допатува во Белград претпладнево и ќе разговара со претседтаелот на Србија Борис Тадиќ. Премиерот Воислав Коштуница пак претходно изјави дека нема да го прими Ахтисари. Потоа тој ке замине во приштина каде што ке се сретне со преставниците на преговорачкиот тим на Косово. Планот кој како што јавуваат агенциите се очекува да вклучи некој вид ограничена независнот на провинцијата мора да биде одобрен и од Советот за безбедност на Обединетите Нации.