Рим: Берлускони јавно и се извини на сопругата затоа што флертувал со други жени

Поранешниот италијански премиер Силвио Берускони синоќа јавно и се извини на својата сопруга за тоа што флертувал со други жени. Поранешната актерка Вероника претходно објави отворено писмо во еден римски весник во кое го обвини Силвио за бесрамен флерт. Извинувањето позитивно одекна во католичка Италија, со објаснување дека Берлускони со тоа сакал да ја надмине семејната драма.