Триполи: Либија воведува визи за граѓаните на арапските држави

Либија наскоро ќе воведе влезни визи за сите државјани од арапскиот свет, како мерка против тероризмот и илегалната имиграција, соопшти министерот за внатрешни работи на Либијската Џамахирија Салах Раџаб. После средбата со неговите колеги од арапските држави во Тунис Раџаб изјави дека мерката е дел од борбата на властите во Триполи против влегувањето криминалци, терористи и имигранти во земјата.