Приштина: Марти Ахтисари ќе претстави работен документ, а не конечен предлог за статусот на Косово

Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билт денеска во Приштина изјави дека специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари на Белград и на Приштина ќе им претстави работен документ за решавање на косовскиот статус, а не конечен предлог. Билт по средбата со косовскиот претседател Фатмир Сеидиу додаде дека предавањето на документот ќе значи и почеток на нов дијалог за статусот на Косово.