Газа: Палестинските ривалски фракции Фатах и Хамас објавија прекин на огнот

Противставените Палестински фракции Хамас и Фатах објавија прекин на огнот. Во изминатите пет дена во обновените судири загинаа најмалку 30 палестинци. Прекинот на огнот го соопшти министерот за надворешни работи Махмуд ал Захар, најавувајки повлекување на вооружените лица од улиците и враќање на безбедносните сили на нивните позиции.