Пекинг: Шестпартитните преговори за севернакорејската нуклеарна програма ќе продолжат во февруари

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека 6 партитните преговори за северно корејската нуклеарна програма ќе продолжат на 8 фебруари во Пекинг. Последната рунда заврши без успех во декември. Соединетите Држави и Северна Кореја во меѓувреме во Пекинг разговараат за американските финансиски санкции против Пјонгјанг прашање на чие решавање инсистираат северно-корејците пред да се почне со нуклеарните преговори.