Наџаф: Убиени 250 ирачки бунтовници

Ирачките и американските сили убиле 250 ирачки бунтовници во борбите во шиитскиот град Наџаф, јужно од Багдад. Како што е соопштено убиените бунтовници планирале повеќе напади врз шиитските муслимани за време на одржувањето на религиозниот празник Ашура. За време на операциите загинале и двајца американски војници при уривање на нивниот хеликоптер.