Брисел: Претседателот Бранко Црвенковски во посета на НАТО и ЕУ

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска и утре во Брисел ќе се сретне со челниците на НАТО и ЕУ. На средбите со генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер, како и со челниците на Европската Унија Хавиер Солана и Хозе Мануел Баросо, ќе се разговара за реформите што Македонија ги спроведува на патот кон ЕУ и НАТО, како и за ситуацијата во регионот во очекување на објавувањето на конечниот предлог за статусот на Косово.