Западен Брег: Најмалку 15 загинати во судирите меѓу Хамас и Фатах

Најмалку 15 лица загинале во вчерашните судири меѓу припадниците на ривалските палестински движења Хамс и Фатах. И од двете фракции е соопштено дека поради судирите ги суспендираат преговорите за формирање заедничка палестинска влада.