Прага: Анонимна закана за бомба во енергетската компанија ЧЕЗ

Чешката полиција превзеде засилени мерки за обезбедување на објектите на енергетската компанија ЧЕЗ поради анонимната закана дека во некој од нив ќе експлодира бомба. Анонимниот јавувач ја упатил заканата, поради, како што рекол, превисоката цена на електричната енергија во Чешка.