Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска и утре во Брисел ќе ја разгледаат ситуацијата во Србија по парламентарните избори. Шефот за надворешна политика Хавиер Солана оцени дека и покрај победата на радикалите, постои надеж од формирање про-европска влада во Србија. Агенциите јавуваат дека на министерскиот состанок ќе биде разгледана и кризата со иранската нуклеарна програма, а се очекува зелено светло за почеток на преговори за поблиски врски на Унијата со Украина и покрај тоа што постои поделеност за тоа дали на Украина треба да и се понуди членство.