Багдад: Најмалку шест загинати во експлозија на бомба

Најмалку шест лица загинале , а околу 15 биле повредени во експлозија на бомба во шиитскиот дел на Багдад, јавуваат агенциите. Бомбата била поставена во автобусот кој се движел во правец на централниот багдатски кварт Карада. Полицијата соопшти дека торбата во која била поставена бомбата ја оставил патник кој пред експлозијата го напуштил автобусот.
Во серијата нападии несреќи во Ирак, вклучувајќи го вчерашниот пад на американски хеликоптер, вчера загинале вкупно 20 американски војници.