Берлин: Средба Ангела Меркел – Кондолиза Рајс

Блиско – источниот мировен процес е тема на разговорите во Берлин меѓу германскиот Канцелар Ангела Меркел и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Рајс која во Германија допатува од посетана на Блискиот Исток изјави дека квартетот на меѓународни преговарачи Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Држави и Русија најверојатно на почетокот на фебруари ќе се состанат во Вашингтон на разговори за израелско – палестинските мировни напори.