Москва: Руските служби добиле информации за можни терористички напади

Русија доби информации од странски извори за планиран терористички напад врз јавниот транспортен систем, изјави шефот на Федералната Служба за Безбедност Николај Патрушев. Нивото на безбедност на службите е подигнато, а Патрушев побара внимателност и од граѓаните. Во минатото радикали поврзани со чеченските
екстремисти го нападнааа метрото во Москва и други јавни места како Театарот во главниот град, како и училиштето во Беслан.