Дијарбекир: Убиени двајца членови на Курдската работничка партија

Турската армија соопшти дека двајца милитанти членови на Курдската работничка партија се убиени во судирите во близина на југо-источниот град Дијарбекир. ПКК во Октомври повика на прекин на огнот што беше одбиено од турската влада, меѓутоа од тогаш се намали интензитетот на борбите во регионот.