Токио: Мало цунами ја погоди Јапонија

Мал цунами бран го погоди северниот брег на Јапонија со што не се остварија страхувањата предизвикани од земјотресот со сила од осум запирка три степени според Рихтеровата скала кој претходно се случи на дното на Тихиот Океан. Бранот пристигнал до Јапнонија девеесет минути по земјотресот. Претходно и Јапонија и Соединетите Држави упатија цунами тревога со оглед на силата на земјотресот.