Хаг: Македонска владина делегација во посета на Хаг

Вице-премиерката Габриела Коневска Трајковска и министрите за правда и внатрешни Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска денеска во Хаг ќе се состануваат со главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Карла дел Понте и претседателот Фаусто Покар. Разговорите се посветени на враќањето на четирите случаи за кои Хаг не поведе постапка и законот за соработка со Судот во Хаг. Предвидена е посета и на обвинетите за Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски во затворот во Шевенинген.