Лондон: Британија и Австралија денеска го поздравија планот на Буш

Британија и Австралија денеска го поздравија планот на претседателот Џорџ Буш за испраќање дополнителни дваесет илјади американски војници во Ирак. Но, како што изјавија австралискиот премиер Џон Хауард и шефот на британската дипломатија Маргарет Бекет, нивните земји немаат намера да го следат америианскиот пример.