Брисел: ЕК ќе претстави долгорочен план за заедничка енергетска политика на ЕУ

Европската Комисија денеска ќе го претстави долгорочниот план за заедничката енергетска политика на Европската Унија. Се очекува да на земјите членки да им биде препорачано натамошно редуцирање на испуштањето штетни гасови како начин за битка против глобалното затоплување, поголемо користење на обновлива енергија, како ветерот и био-горива, како и намалување на зависноста од снабдувањето со нафта и гас од странство.