Багдад: Најмалку 15 загинати во напад врз автобус

Најмалку петнаесет лица загинале во денешниот напад врз еден автобус во Багдад, јавуваат агенциите. Се прецизира дека вооружени луѓе стрелале врз автобус во кој имало шиитски работници. Претходно, ирачката влада соопшти дека ќе го зголеми бројот на силите кои се вклучени во операциите за средување на безбедносната ситуација во Багдад.