Вашингтон: Буш планира серија промени на воени лидерски позиции

Американскиот претседател Џорџ Буш планира серија промени на клучните воени и политички лидерски позиции како дел од новата стратегија за победа во Ирак. Се очекува Адмиралот Вилијам Фалон да го замени Генерал Џон Абизајд кој е шеф на централната команда за Ирак и Авганистан. Исто така се очекува на местото на Џон Негропионте кој е шеф на националното разузнавање да дојде Вице Адмиралот Мајк МекКонел. Негопонте пак како дипломат од кариера се очекува да стане заменик државен секретар – втор човек во дипломатијата по Кондолиза Рајс.