Охрид: Испраќање на војници на АРМ за Авганистан

Во касарната Михајло Апостолски во Охрид денеска се врши церемонија на испраќање на припадници на АРМ во Авганистан. Станува збор за 126 војници и старешини од Втората механизирана пешадиска чета со команда во Кичево кои во рамките на вората ротација ќе бидат распоредени во составот на британскиот контигент во Кабул.