Берлин: Меркел повика на поблиски економски врски меѓу САД и ЕУ

Германскиот канцелар Ангела Маркел повика на поблиски економски врски меѓу Европската Унија и Соединетите Држави. Во интервјуто за Фајненшл Тамјс пред нејзиниот утрешен пат за Вашингтон, Меркел рече дека двете страни треба да ги хармонизраат нивните финансиски пазари и законите за интелектуална сопственост. Транс-атланското економско партнерство е во фокусот на германското претседателствување со Европската Унија кое започна на 1 јануари, изјави Меркел.