Багдад: Продолжуваат протестите поради егзекуцијата на Садам Хусеин

Во Ирак продолжија протестите на сунитските арапи поради егзекуцијата на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин. Во Самара тие насилно влегоа во оштетената од бомби шиитска џамија носејки слики на Хусеин. Оваа Џамија пред 10 месеци беше бомбардирана од сунитски екстремисти по што започнаа верските насилства меѓу шиитите и сунитите. Ирачката влада пак истражува како дошло со камера од мобилен телефон да се сними егзекуцијата на поранешниот диктатор и кој им дозволил на стражарите да му потсмеваат на Хусеин неколку минути пред бесењето.