Ватикан: Погубувањето на Хусеин трагична вест

Погубувањето на бившиот ирачки претседател Садам Хусеин е „трагична вест“, соопштено е денеска во Ватикан.
„Постои опасност сега да се потхранува духот на одмаздата и да се сее насилство“, изјави портпаролот на Ватикан Фредерико Ломбарди.
„Тоа е причина за тага, иако станува збор за лице одговорно за тешки дела. Ставот на Католичката црква, која се противи на цмртната казна во секоја прилика, треба и овојпат да се повтори“, рече отец Ломбарди.
„Убивањето на еден осуденик не е пат кон изградбата на правда и помирување на општеството“, додаде портпаролот на Ватикан.